Мени

Пожар во куќа на улица „Христијан Тодоровски - Карпош“

19.06.2021 06:42 | KumanovoNews

 Изгоре дел од куќа на улицата „Христијан Тодоровски - Карпош“. Пожарот избувнал во 5.20 часот во една од собите, но со брза интервенција на противпожарната единица не се проширил на другите простории.

Пожар во куќа на улица „Христијан Тодоровски - Карпош“

„ТППЕ Куманово во текот на изминатиот период бележи една интервенција на опожарена семејна куќа на улица „Христијан Тодоровски - Карпош“ во период од 05,25 до 06,35 часот. Интервенирано со 2 ПП возила и 6 пожарникари. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК) во Куманово.