Пожар во куќа во Слупчане
26.05.2015 08:43
| KumanovoNews
Пожар синоќа пламнал во соба од семејна куќа во липковското село Слупчане.

Собата се запалила во 19.50, по што Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала и го изгаснала во 21 часот. Причините за појава на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.