Пожар во куќа на „Франц Розман“
11.01.2024 18:18
| KumanovoNews
Вчера попладне избувнал пожар во куќа на ул. „Франц Розман“ во Куманово.

„Во 16.57 часот С.М. пријавила дека настанал пожар во надворешен дел на куќа на улицата „Франц Розман“ во Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, соопшти МВР.