Пожар во пекарница во Куманово, нема повредени
12.06.2022 20:15
| KumanovoNews
Вчера во 02.35 часот избил пожар во пекарница на ул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на Зелен пазар.

Пекарницата е во сопственост на А.Б.(46) од Куманово, кој кажал дека пожарот настанал во кутија со осигурувачи поставена во една од просториите.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. Повредени нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.