Пожар во погон за рециклирање на картони
19.07.2021 21:02
| Сузана Николиќ
Во пожар вчера изгорел погон за рециклирање на картони во липковското село Отља.

Пожарот настанал околу 18 часот, по што во СВР Куманово и Територијалната противпожарна единица било пријавено дека во с.Отља настанал пожар во погон за рециклирање на картони на приватно претпријатие.
Пожарот бил изгаснат во 19.40 часот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.