Пожар во салон за мебел во Куманово
05.02.2026 14:00
| KumanovoNews
Ноќеска во 01:15 часот настанал пожар во продажен објект на улицата „11 Ноември" во Куманово, сопственост на М.Г..
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Од Територијалната противпожарна единица Куманово (ТПЕК) велат дека интервенирале од 01:15 до 02:15 на опожарен салон за мебел,
со 1 ПП возила и 5 пожарникари, при штои пожарот бил локализиран.