Пожар во стан на улица „Благоја Илиев Гуне“
15.02.2021 10:38
| KumanovoNews
Се запалил стан во зграда на улицата „Благоја Илиев Гуне“ во Куманово. Пожарот бил пријавен вчера во 10.45 часот, по што екипи на противпожарната единица излегле на терен.

„Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица - Куманово, а повредени лица нема“, - соопштуваат од Противпожарната единица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.