Пожар во стан во зграда на Трета МУБ
08.04.2020 14:31
| KumanovoNews
Се запали стан во поткровје од зграда на улицата Трета МУБ бр. 124 во Куманово, во близина на раскрсницата со Октомвриска револуција. Во моментот екипи на противпожарната единица се на терен и го гаснат огнот.

Според пожарникарите, пожарот кај нив е пријавен во 15.55 часот дека е запалена кујна на осмиот кат од зградата. Пожарникарите близу еден час се обидуваат да го локализираат пожарот да не се прошири на другите станови во зградата.
Густиот чад се гледа од сите страни на Куманово ги вознемири граѓаните