Пожар во зграда на „Тоде Думба“
05.04.2022 13:11
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово вчера во 12.05 часот било пријавено дека на улицата „Тоде Думба“ во Куманово настанал пожар во станбен објект, сопственост на Д.Ј. (60).

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.