Пожари во Лопате и Тоде Мендол
17.07.2015 10:40
| KumanovoNews
Во изминативе 24 часа гореше жито и сува трева во селото Лопате и во населбата Тоде Мендол.

Во Лопате изгоре житарица со површина од 7 декари, околу 14 часот.
Вториот пожар е регистриран во местото викано Говедарски пат, во населбата Тоде Мендол, каде е запалена сува трева. Опожарена е површина од 2000 метри квадратни. Причините за појава на пожарите и материјалната штета не се утврдени.