Пожари во Пчиња и Черкезе
18.08.2015 08:17
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие Територијалната противпожарна единица Куманово, бележи две интервенции на запалена сува трева, во селата Пчиња и Черкезе.

Од 11.45 до 12.35 часот горела сува трева во селото Пчиња. Не е утврдено колкава површина изгорела.
Вториот пожар се случил од 14.30 до 15.35 часот на опожарена сува трева во Черкеско село.