Пожарот над Лојане во голем дел локализиран и изгаснат
Пожарот кој зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, е во голем дел локализиран и изгаснат.

Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, велат од ЦУК.
Со отворањето на патот за пристап се овозможи пешадиско дејствување на екипите на Национални шуми, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот.
Оттаму додаваат дека во акцијата боле ангажирани хеликоптер Бел 412 на МВР, две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово со соодветни противпожарни возила, како и екипи на Национални шуми – Подружница Куманово со специјализирани возила за шумски пожари. Активно учество земало и месното население, чија помош била од големо значење.