×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведен кумановец за подметнување пожар, изгореле куќа, автомобил, ниви

    15.08.2025 08:31 | KumanovoNews

    Педесет и седумгодишен маж е приведен под сомнение дека предизвикало пожар во н. Карпош, при што изгореле куќа, автомобил и ниви.

    Приведен кумановец за подметнување пожар, изгореле куќа, автомобил, ниви

    „Вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување на општа опасност". Имено во населбата Карпош на Никуљски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило "ауди", напуштена куќа и ниви“, соопшти МВР.

    Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) пожарникарите вчера интервенирале на пожар на сува трева во нива во населбата Карпош во 16.25 часот со 3 возила и 7 пожарникари. Откако пожарот се проширил интервентната екипа била засилена со уште 2 возила и 6 пожарникари. Пожарот е целосно локализиран во 20.30 часот.

    Пожарникарите во текот на изминатто деноноќие интервенции: на запалено ѓубре на дивата депонија на ул. „Ѓорче Петров“, сува трева во с.Романовце,  кај месна индустрија Никси, покрај пругата во населба Перо Чичо и во населба Карпош. Во моментот нема активни пожари.

    (фото.архива)