Предновогодишни контроли на УЈП за фискализација
30.12.2014 10:42
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи врши зачестени контроли во фирмите за издавањето на фискални сметки.

„Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите. УЈП редовно е присутна на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период, угостителските и објектите кои вршат малопродажба“ - стои во соопштението на УЈП.
Во Скопје деновиве се исконтролирани 20 и казнети 7 објекти бидејќи не издавале фискални сметки.