×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Предупредувачки штрајк за повисоки плати на возачите во ЈП „Чистота и Зеленило“

    24.07.2020 12:30 | KumanovoNews

    Возачи на камиони за изнесување на смет во ЈП „Чистота и Зеленило“, втор ден штрајкуваат.

    Предупредувачки штрајк за повисоки плати на возачите во ЈП „Чистота и Зеленило“

     Тие бараат повисоки плати и заштитна опрема во време на пандемија, но и опрема за во зимските услови како што се ракавици, јакни и квалитетни чевли.

    „Неколку години наназад, платите ни се намалуваат, наместо да ни се зголемат. Секојдневно напорно работиме, а имаме најниски примања. Да не зборувам и за омаловажувањата кои ги трпиме. Можеше секој месец по малку, за да немавме ваков проблем. Јас имам 16 илјади денари плата, а мојот колега од ЈП „Водовод“ има поголема плата за 9.000 денари. Секогаш ни велат дека нема услови, дека има голем број на проблеми. 30 години работам на ова место, навистина е срамота“, вели еден од вработените.

    Тие бараат платите да им бидат изедначени со вработените во другите јавни претпријатија кои се под ингеренција на Општината. Тие тврдат дека се редок случај, бидејќи дури и во најмалите општини во државата имаат подобри услови за работа и далеку повисоки месечни примања.

    „Исто така, се жалиме и на условите кои ги имаме во просторијата која ја користиме како место за одмор и појадување. Немаме заштитни ракавици и маски, ниту средства за дезинфекција. Преку 50 работници седат во една соба. Зарем тука не треба да се почитуваат протоколите? Не можеме сами да се финансираме,“ додаваат останатите вработени.

    Штрајкот започнал вчера, а ќе трае и утре, по што вработените очекуваат до понеденик да добијат конректни одговори на своите барања, за да не продолжат со протестот.

     Од вчера камионите собираат смет само во приоритетните места низ градот.

    Дали ќе се исполнат барањата на вработените не е познато, бидејќи не успеавме да стапиме во контакт со надлежните во претпријатието.

    (Д.Давитковски)