×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Предвидуваме сериозни инвестиции во индустриската зона во Куманово, порачаа Мисајловски и Петрушевски

    25.06.2020 15:16 | KumanovoNews

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, денеска по средбата со граѓаните во Куманово, ја посети и индустриската зона Речица, за која кажа дека додека тој бил министер за транспорт и врски обезбедил инвестиција, но досега речиси ништо не е направено.

    Предвидуваме сериозни инвестиции во индустриската зона во Куманово, порачаа Мисајловски и Петрушевски

    Притоа потенцираше дека на градот и на неговите жители му се потребни поголеми инвестиции, кои ќе обезбедат повеќе работни места за граѓаните, а не сува реторика.

    „Со кумановци разговаравме за нивните проблеми, за она што навистина сакаат да го слушнат, за она што не се случува последниве децении во градот. На ова место позади мене требаше да има десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона и овој градоначалник и минатиот и централните влади итн. СДСМ тоа постојано го прави со нивните ветувања за подобар живот за сите, дека ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга. Реалноста е ова позади мене, реалноста е дека нема странска инвестиција. Јас кога бев министер за транспорт, овде се започна една постапка и се обезбедија средства и за индустриска зона, бидеји без тоа не може, но гледам дека ништо после тоа не е направено“, додаде Мисајловски.

    Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и кандидат за пратеник, Бране Петрушевски, рече дека не само што индустриската зона не е направена, туку дека и патот не бил согласно стандардите за транспорт на стока со товарни возила. Тој додаде дека тие со својата партија ВМРО-ДПМНЕ имаат предвидено сериозни инвестиции за оваа индустриска зона.

    „Ние овде дочекавме убаво зеленило, но не дочекавме странски инвестиции, работни места, фабрики, и токму ова е синоним за владеење на СДСМ и нивниот начин на владеење со ветувања, кои на крај се претвораат само во лаги. Одредени граѓани кажаа и дека патот не бил согласно стандардите за транспорт на стока со товарни возила. Секој граѓанин може да дојде во индустриската зона Речица и да се увери во она што ние го зборуваме. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ има сериозна програма, во којашто има предвидени сериозни инвестиции за Куманово, и пред се` сериозни инвестиции во ова индустриска зона“, вели тој.

    Мисајловски, рече дека тие и понатаму ќе продолжат со средбите со граѓаните, согласно мерките и предвидените протоколи за заштита и дека во континуитет ќе го посетуваат градот и ќе разговараат со граѓаните за нивните проблеми.

    (Ф.Марковска)