Прегазен мигрант на пругата Табановце-Куманово
17.08.2015 13:02
| KumanovoNews
Во железничка незгода денеска претпладне загина мигрант.

Несреќата се случила во 10.30 часот, кога товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Куманово удрил во маж, најверојатно илегален мигрант. Повредениот во критична состојба е префрлен во Кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, лицето при транспорт во Ургентниот центар Скопје им подлегнал на повредите.
Се врши увид на местото на несреќата.