Прегазен пешак во Никуштак
20.11.2019 09:45
| KumanovoNews
Повозрасен кумановец е повреден во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово - Скопје, кај с.Никуштак.

Сообраќајката се случила вчера во 16.20 часот, кога патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(56) од Куманово, удрило во пешакот Е.И.(80) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.