Прекин на водоснабдувањето во Черкези и Железничка станица
02.12.2025 06:42
| KumanovoNews
Денеска без вода за пиење ќе останат потрошувачите во населбите Черкези и Железничка станица.
„Поради дефект на главната доводна водоводна мрежа, на цевката Ф/355, која со вода ги снабдува нас. Черкези и нас. Железничка станица, водоснабдувањето денеска - вторник, ќе биде прекинато во 06.00 часот. По поправка на дефектот во текот на денот водоснабдувањето ќе биде нормализирано“, соопштува ЈП „Водовод“.
(фото.архива)