Прекин на водоснабдувањето на дел од булевар „Третa МУБ“
Поради приклучување на водоводната мрежа на новите згради на булевар „Третa МУБ“, денеска /5 декември/ привремено ќе остане без вода овој дел од градот, информираат од ЈП „Водовод“.
Фото: www.google.com/maps/
Прекин на водоснабдувањето ќе има на објектите на булевар „Трети МУБ“, на потегот од кружниот тек со булевар „Октомвриска револуција“ до раскрсницата со улицата „Борис Б. Гуцман“, од страната каде што се наоѓа бензинската станица на „Макпетрол“.
Прекинот ќе започне во 06:00 часот, а водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по завршување на монтажните работи за поврзување на новата водоводна мрежа со профил Ф/160.
Од претпријатието апелираат за разбирање од граѓаните, напоменувајќи дека со реализацијата на овој зафат ќе се овозможи квалитетно и стабилно водоснабдување за станбениот комплекс.