Прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе кумановски села
13.04.2020 07:56
| KumanovoNews
Поради планирани прекини денеска без електрична енергија ќе останат повеќе кумановски села.

Од ЕВН известуваат дека краткотраен прекин од 8 до 8.30 часот и од 14.30 до 15 часот без струја ќе останат потрошувачите во селата: Клечовце, Стрезовце, Војник, Новосељане, Градиште, Орман, Кучкарево, Габреш, Скачковце, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Колицко и К`шање.
Од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе биде селото Зубовце.