Железничкиот сообраќај Куманово - Табановце во прекин, гранка паднала на електричниот вод
13.06.2022 09:07
| Сузана Николиќ
Од вчера во 17 часот во прекин е железничкиот сообраќај на релација Куманово-Табановце и Скопје-Белград, поради проблеми на електричната инсталација.

Според информацијата од Македонски Железници, поради падната гранка на контактна мрежа и немање напон во истата од 17 часот, железничкиот сообраќај од Куманово до Табановце и од Куманово до Република Србија не се одвива.