Прекината семејна веселба во Куманово
21.03.2021 15:57
| KumanovoNews
Bо СВР Куманово, денеска во 11.20 часот било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала семејна веселба, односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во семејната куќа во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица - гости.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по чл.206 од Кривичниот законик-"непостапување според здравствени прописи за време на епидемија".