×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прекинати мерките за заштита од загадениот воздух во Куманово

    30.11.2020 15:44 | KumanovoNews

    Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци, кои беа воведени во саботата кога беше констатирано дека два дена по ред беше регистррана загаденост на воздухот над максимално дозволените вредности.

    Прекинати мерките за заштита од загадениот воздух во Куманово

    „Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11.2020, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175mg/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање“, се вели во соопштението на Министерството.

    Во саботата, со одлука на Владата, повеќе државни и општински органи беа задолжени за спроведување на мерки за заштита на населението во Тетово, Кавадарци и Куманово, каде во два последователни дена беа измерени опасни вредности на загаден воздух.

    Меѓу другото, беше наложено да бидат згрижени бездомниците, на работа да не одат постарите од 60 години, како и бремените жени и лица со болести, а се побара од властите и редукција во сообраќајот и намалување на градежните активности и неизлегување на работа на отворено простор пред 11 часот.