Премиера на краткиот филм „Метакосмија“ од Мартин Давитковски
14.11.2019 08:04
| KumanovoNews
Во Театар Куманово утре (петок) во 19.30 часот, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Метакосмија“, по сценарио и режија на Мартин Давитковски.

Главни улоги во филмот ги толкуваат Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни ликови и повеќе статисти.
Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, со Дејан Ангеловски како асистент на фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а музиката е на „Egnatia“.
Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово.
Влезот е слободен за сите посетители.