×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на претставата „Драма изгубена во времето“

    29.07.2021 06:49 | Сузана Николиќ

     Претставата „Драма изгубена во времето “, од Сашко Насев - по мотиви на „Темносино, речиси црно“ од Танасис Валтинос, во режија на Владлен Александров , вечерва во 20 часот, премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Премиера на претставата „Драма изгубена во времето“

    Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и актерка гостинка во видео Александра Пешевска.
    Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стевковска, визуелизација на Емил Пачковски, режисер на видео: Никола Поповски, драматургија Симона Тоскиќ, кореографијата е на Тања Китановска Стојковска.

    „Ова е сериозна претстава за сериозна публика во несериозно време. За целиот тој апсурден живот, што го живееме не само во последните години, туку апсурдно стана денешното време во кое сме. Ова не е политички спектакал, ова е психолошка претстава и спектакал за нашите мисли, чувства, гледање на Светов во кој живееме“, - изјави режисерот Владлен Александров.

    Претставата е посветена на сите лекари, сестри и здраветвени работници вклучени во борбата против ковид-19.