Премиера на претставта “Мајката Храброст“
        22.11.2014 12:22
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во театар Куманово во среда во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата “Мајката Храброст“, работена по текстот на Бертолд Брехт, во режија на Ѕвездана Ангеловска.
                  Актерската екипа ја сочинуваат: Кети Дончевска- Илиќ, Владо Дојчиновски, Горан Илиќ, Јасмина Василева, Сања Русеска , Роберт Ристов, Марко Трајковиќ и Марко Богдановски.
Сценографијата е на Валентин Светозаров, костимографија на Благој Мицевски, а за изборот и адаптацијата на музиката се погрижи Ѕвездана Ангеловска.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



