Премиерот Спасовски негативен, но ќе седи во самоизолација
01.06.2020 19:10
| KumanovoNews
Само што ги добив резултатите од денешниот КОВИД-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
„На сите кои што се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и апелирам сите да ги почитуваат мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави премиерот.
Спасовски, вчера со останатите кандидати за пратеници на СДСМ во Втората изборна единица, беа во Куманово по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на коронавирус.

