×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот Заев на прославата на 11 Октомври во Куманово

    09.10.2020 16:22 | KumanovoNews

    Претседателот на Владата, Зоран Заев по повод чествувањето на 79 години од Денот на народното востание на македонскиот народ, ќе се обрати на свеченото одбележување во Куманово, кое ќе започне со положување цвеќе пред Спомен - костурницата во 11 часот.

    Премиерот Заев на прославата на 11 Октомври во Куманово

    Премиерот Заев на положувањето цвеќе ќе ја предводи делегацијата која ја сочинуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

    - Свеченостите по повод  11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, во организација на Владата на Република Северна Македонија, под слоганот „Честит 11 Октомври, секогаш слободни!“ годинава ќе се одржат во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита, - соопштуваат од Владата.

    Со цел почитување на препораките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, бројот на учесниците во настаните, кои ќе се случуваат без традиционалната културно-уметничка програма и без собири на граѓани, е ограничен.