×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза во првите 100 дена ќе понуди новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, најави Петрушевски

    08.07.2020 10:54 | KumanovoNews

    Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска ја презентираше преодната стратегија за справување со здравствено-економската криза која ќе се реализира во првите 100 дена од новата Влада. Таа се однесува на мерки поврзани со консолидирање на јавните финансии и мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за граѓаните кои се погодени од кризата.

    Преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза во првите 100 дена ќе понуди новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, најави Петрушевски

    „Мерката која се однесува на еднократна парична помош за една ограничена категорија на граѓани преку платежни картички е проблематична од повеќе аспекти. Прво, временскиот момент за нејзино имплементирање непосредно пред избори го поставува прашањето за намерите – дали истата е креирана вистински да се помогне на нашите граѓани или да се манипулира предизборно со нив? Второ, таа е технички проблематична за што потврда се негативните реакции на голем број на граѓани поради нефункционалноста и неприменливоста на системот. Трето и последно е дискутабилното селектирање и ограничувањето на потенцијалните корисници на еднократната помош“, појасни Петрушевски.

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека поддршката треба да биде многу посеопфатна, со оглед на фактот што речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. За таа цел, мерката ќе биде проширена и поедноставена со цел поголем број на граѓани да добијат парична помош од државата.

    „Во таа насока, предвидуваме: обезбедување на дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари, oбезбедување на еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички и обезбедување на еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата“, додаде тој.

    Од партијата велат дека ќе обезбедат и бескаматни кредити и грантови за сопствениците на приватни куќи и станови за поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на покрив и под, а се со цел намалување на потрошувачката на енергија. Исто така, сите здравствените работници кои се вклучени во справување со Ковид-19 кризата, во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход, додека сите вработени во МВР ќе добијат по 20.000 денари нето средства.

    Во соработка со банкарскиот сектор, ќе се разгледа можноста за натамошно одложување на кредитните обврски за оние ѓраѓани кои се уште ги чувствуваат ефектите од кризата. Поддршка за компаниите преку продолжување на помошта за субвенционирање на платите за месеците јуни и јули, за сите они кои имаат пад на приходите повеќе од 30 отсто за месец март,април и мај.

    „Почитувани, ова се само дел од мерките од преодната стратегија којашто ВМРО-ДМПНЕ ќе ја спроведе во првите 100 дена од формирањето на новата Влада, за поефикасно справување со здравствено-економската криза во државата“, заврши Петрушевски.

    (Д.Давитковски)