Мени

Препорака да се редуцираат вработените или да се затворат фабриките во Куманово

24.03.2020 23:18 | KumanovoNews

Владата на вчерашната седница ја дополни oдлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.



Препорака да се редуцираат вработените или да се затворат фабриките во Куманово

- Со  оваа одлука им се препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на територијата на општина Куманово да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, имајќи ја предвид забраната за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз или целосно да ги затворат производствените и продажните капацитети, - соопштуваат од Владата.

Оваа одлука влегува во сила од  денеска (25 март) 2020 година.

Владата предходно донесе одлука за укинување на меѓуградскиот и градскиот превоз и да се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во трговските центри во Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот меѓу граѓаните.