Претрес во Куманово, пронајдена дрога
24.10.2021 09:14
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера го лишиле од слобода К.Г. (19) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.