Претрес во Куманово, пронајдена дрога, трoјца приведени
08.11.2022 12:05
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16 часот лишиле од слобода тројца кумановци на возраст од 35, 44 и 47-години од Куманово.

При претрес во домот на еден од нив, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.