Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово, во недела, 14 април со почеток во 20 часот митинг ќе одржи Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ.
„Стево Пендаровски, во неговиот досегашен мандат го врати дигнитетот и достоинството на институцијата претседател. Беше претседател на сите граѓани, не делејќи ги луѓето по вера, етникум, политичко убедување. Македонија заслужува да има претседател како што е Стево. Затоа сме сигурни дека граѓаните на 24 април ќе го дадат својот глас за бројот 1, со што државата ќе продолжи да се движи на вистинската патека, а тоа е патот кон европската унија. Затоа ги повикувам сите граѓани на Куманово, определни и неопределени по политичко убедување сите заедно да излеземе на 14 април во 20 часот на Градскиот плоштад и заедно со Стево Пендаровски да испратиме порака , порака за обединување и сплотеност кон европскиот пат до целата наша држава и до сите наши граѓани“, истакна во повикот претседателот на општинската организација на СДСМ, Александар Арсиќ.