Претставата „Хумана приказна“ во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре (сабота) во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата “Хумана приказна”, во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит Медиа и во партнерство со Народниот правобранител.

Во претставата се зборува за надлежностите на Народниот правобранител односно Омбудсманот и ситуациите во кои граѓаните можат да се обратат за помош, поддршка или правно советување. Претставата е инспирирана од самите извештаи на Народниот правобранител сликовито објаснувајќи ги потешкотиите на граѓаните и начинот на кој оваа институција работи на системско разрешување на тие предизвици поддршката која ја нуди на засегнатите странки. Иницијативата Мој Омбудсман има за цел да ја приближи институцијата до граѓаните на кои им е најмногу потребна, на еден интерактивен и отворен начин.
По завршување на претставите, граѓаните ќе имаат можност за отворена дискусија со претставник од канцеларијата на Народниот правобранител.
Караванот на претставата “Хумана приказна” се одржа Скопје, Крива Паланка, Битола и Тетово, а ќе гостува уште во неколку градови во државата.
Влезот е слободен.