Претстaвата „Секс, лаги и љубомора“ вечерва на Денови на комедија
02.10.2020 07:33
| KumanovoNews
Деновите на комедија вечерва продолжуваат со претствата „Секс, лаги и љубомора“, во изведба на Народен театар „Антон Панов“ од Струмица.

Текстот е на Марк Камолети, режија и сценографија Синиша Ефтимов, костимографија Ванчо Василев.
Играат: Стојан Трн Велков, Анкица Бенинова, Коста Ангов, Јулија Малкова, Танкица Стојанова и Јасмина Вучкова.
Секс и љубомора е класична фарса. Станува забор за текст напишан во 60-тите години од минатиот век и до ден денешен и повеќе од успешно живее на сцените ширум светот.
Претставата почнува во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.