Претставата „Трнорушка“ утре во Центарот за култура
12.07.2021 14:29
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово, утре (вторник) во 18 часот, ќе се игра претставата на култната бајка „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска.

Актерската екипа се состои од Сања Русеска, Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.
Претставата беше премиерно изведена во октомври минатата година и наиде на одличен прием кај најмладата публика.
(С.Ѓ.)