×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставени образовните профили во Техничкото училиште “Наце Буѓони“

    23.05.2024 08:53 | Оливера Пешевска

    Во Средното општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово се организираше отворен ден за сите деветооделенците од општинските основни училишта.

    Претставени образовните профили во Техничкото училиште “Наце Буѓони“

    На настанот беа претставени сите три струки- здравствената, електрорехничката и машинската, а идните средношколци имаа можност да ги посетат училниците и кабинетите, кои се опремени за стручно усовршување и да се запознаат со наставниот кадар.

    „Имавме демонстрација на часови и изложба на ученички проекти. Ова е денот кога можеме да ги покажеме нашите трудови од целата учебна година, и на учениците и на наставниците кои работат со нив. Се надевам дека сите деветооделенци уживаа во овој настан“, истакна Магдалена Трајановиќ, професор по стручни предмети во здравствената струка.

    На здравствената струка во училиштето има само еден образовен профил – медицинска сестра. Учениците се оспособуваат за давање и укажување на медицинска помош, се запознаваат со функционирањето на здравствената заштита во практика, својата пракса ја извршуваат во Општа болница Куманово, Дом за стари лица „Зафир Сајто“ и во приватни здравствени установи.

    Електротехничката струка се претстави со три образовни профили- енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и техничар за индустриска мехатроника. Овие профили веќе со години функционираат во училиштето, а насоката за техничар за индустриска мехатроника е профил каде се спроведува дуално образование во соработка со Дрекслермаер и се работи по германска програма.

    „Ги изложивме сите трудови, а особено оние кои на републички натпревари имаат освоено први, втори и трети места“, изјави професорот Новица Ѓоргевски.

    Една од првите воспоставени струки во „Наце Буѓони“ е машинската струка, каде се образуваат ученици во три профили- техничар за комјутерско управување, која е најатрактивна и водечка струка, потоа машинско- енергетски техничар и  конструкциски механичар. Последниот е профил со трет степен на образование, но доста атрактивен поради солидните плати кои се нудат на пазарот на труд.

    Најмногу слободни места за упис во прва година во Куманово има во Техничкото училиште „Наце Буѓони“  и тоа за 637 ученика, распоредени во 19 паралелки. Од тоа 9 паралелки со 297 ученици се со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки на настава на албански наставен јазик.

    Во машинската струка има слободни места за 204 ученици во 6 паралелки- по еден клас за секој од трите профили, три на македонски, и три на албански наставен јазик. Електротехничката струка има можност да запише 263 ученика во 8 паралелки, за електротехничар- енергетичар има место за по 34 ученика во двата класа, едниот на македонски наставен јазик, вориот на албански. За профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика се предвидени по два класа на два наставни јазици, и по една паралелка со 34 ученика за насоката електромеханичар на албански наставен јазик, една за индустриска мехатроника на македонски јазик, профил на дуално образование во соработка со приватна компанија.

    Во здравствената струка можност за упис ќе имаат 170 ученици во пет паралелки, две на македонски наставен јазик и три на албански.