×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентација на дел од културното наследство на Србите

    24.09.2019 09:28 | KumanovoNews

    Во гостилница „Дома“ во Куманово, вечерва во 19 часот, ќе се одржи презентација на дел од културното наследство на Србите, во организација на „Спона“, Културно- информативниот центар на Србите во Македонија, во соработка со Коло на српските сестри од Куманово.

    Презентација на дел од културното наследство на Србите

    Оваа презентација се одржува со цел да се сочува култуното нематеријално богатство на Србите, кое опстојува низ вековите, а денес поради модерниот начин на живот, почнува се` поретко да се практикува.

    На презетацијата ќе биде претставено културното наследство на Србите, преку давање на „слика“ за: старите занаети, славата, везот, орото, специфичната изработка, приготвување на одредени српски јадења итн.

    „Со претставување на овие типови на културно наследство, се чува историјата, културата и традицијата кој го предизвикува чувството на идентитетот кај еден нардот. Ова се само дел од културните различности, кои ги содржи автентичната култура на Србите“,- велат од „Спона“, Културно-информативен центар на Србите во Македонија.

    Центарот „Спона“ е формиран во 2005 година, како самостојна, невладина и непартинска организација, поради сочувување на националниот и културниот идентитет на Србите, кои живеат на територијата на РС Македонија.