Презентација на трактори од Хемометал во Куманово
17.07.2015 10:51
| KumanovoNews
На Добиточниот пазар во Долно Којнаре, утре ќе се одржи презентација на трактори од фирмата Хемометал од Битола.

Од 7 до 13 часот фармерите ќе можат да видат што се од трактори и механизација нуди оваа компанија. Потоа истите трактори од 13 до 17 часот ќе бидат изложени во Ранковце.
Организаторите од Здружение на земјоделски производители Куманово, велат дека ако има интерес, можно е да организираат уште некоја презентација на трактори од друга фирма во скоро време.