Прифатен предлогот за нормализирање на градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово
Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.

Како што информираше претседателот на Владата, Оливер Спасовски, исто така е прифатен и предлогот оние кои доаѓаат од други земји по завршувањето на државниот карантин, да не бидат во домашна самоизолација.
„На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација", напиша Спасовски на својата фејсбук страна.