Пријава за пиратерија
16.12.2010 15:05
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.И. (38) од Куманово за сторено кривично дело „пиратерија на аудиовизуелно дело“.

Пред два дена од страна на полицијата извршен е претрес во домот и гаража на пријавениот каде се пронајдени 3.950 ДВД и ЦД, 49 аудио дискови, 220 празни аудио дискови, 450 фолии за дискови, 100 омоти за филмови и режач. Пронајдената стока е одземена.