Пријава за шверц на зимзелени садници
28.06.2017 08:03
| KumanovoNews
Кумановската полиија поднесе кривична пријава против Н.М. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

На 17.03.2017 година, на место викано „Слупчански бунар“ во с.Слупчане, со теренско возило „Застава“, чувал и се обидел да растури поголема количина на декоративни зимзелени садници во вредност од 137.280 денари, за кои знаел дека биле внесени во Република Македонија без да бидат платени царинските давачки и акцизи во износ од 40.909 денари. За таа сума го оштетил го Буџетот на Република Македонија.