×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пристигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм“, приоритет за вакцинација ќе бидат повозрасните

    15.05.2021 11:26 | KumanovoNews

    Пристигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм“, донација од кинеското Министерство за одбрана. Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа и 38.400 дози на „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот.

    Пристигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм“, приоритет за вакцинација ќе бидат повозрасните

    Министерот Венко Филипче кажа дека со новите пратки ќе продолжи масовната вакцинација согласно возраста на пријавените граѓани на сајтот vakcinacija.mk.

    „Пристигна значајна количина на вакцини која НР Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, рече Филипче.

    Досега во земјава се аплицирани 189.842 дози вакцини. Со прва доза се вацинирани 163.427 граѓани, а ревакцинирани се 26.415. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431.