Притворена група од Косово што крадела од банкомати
03.02.2021 09:42
| KumanovoNews
Судија од Основен суд Куманово одреди притвор на четири лица од Косово, кои краделе од банкомат во Куманово.

Полицијата вчера во 4 часот по полноќ во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар. По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.
Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.