Мени

Приведен 24-годишен кумановец, запленети 800 парчиња петарди

31.12.2021 10:35 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.20 часот го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 800 парчиња пиротехнички средства – петарди. 

Приведен 24-годишен кумановец, запленети 800 парчиња петарди

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.