Приведени две лица, фатени со фалсификувани евра
04.07.2023 20:51
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, синоќа околу 21 часот привеле две лица од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари.

„При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.
Тие се на возраст од 19 и 21 година.