Приведен крадец од Куманово
01.08.2023 15:25
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети.

А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.