Приведен крадец од Куманово, украденото пронајдено
20.01.2022 10:10
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.30 часот го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на ул.„Биљановска“ во Куманово.

„Кај него биле пронајдени украдените предмети. Истиот бил приведен во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштува МВР.