Приведен кумановец, украл и користел туѓа платежна картичка
10.04.2022 12:17
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, го лишиле од слобода В.П.(48) од Куманово.

Тој се сомничи дека на завчера, од возило „шкода“, сопственост на С.П.(28) од Куманово, одзел платежна картичка и вршел трансакции со неа.
Кај В.П. била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.